Медицинските сестри бараат линеарно зголемување на платите на сите здравствени работници во спротивно се заканија со работна непослушност. Бараат наместо 10 проценти платите да им се накачат за 15% на сите вработени во здравството бидејќи вака велат се прави голем јаз помеѓу платите на медицинскиот персонал.
„Министерот кажа дека е постигнат историски договор. Верувајте ми јас искрено се плашам овој историски договор да не ги однесе медицинските сестри во историјата или преку граница, затоа што со вакво едно незадоволство посебно на сестрите со средна стручна спрема, особено во примарното здравство, не можете да ги стимулирате да останат на работното место.“ – вели Гордана Бешлиовкса – Здружение на Медициснки Сестри Техничари Акушерки и Стоматолошки сестри.
Медицинските сестри потсетија дека се уште не го добиле и претходното зголемување од 3% кое требало да го добијат уште во јуни.
„Оние здравствени институции кои што немаат поединечни договори, кои што добија 5% и ветените 3% сестрите во месец јуни не ги добија. Во советот на синдикатот сестрите бараа сега со ноемвриската плата да бидат исплатени. Тоа е една од најголемите причини за незадоволство односно недоисплатената процентуална покаченост која претходно беше најавена и сестрите во здравствените институции не ја добија.“ – вели Бешлиовкса.
Од министерството за здравство не одговорија дали овие барања на сестрите се остварливи. Во одговорот до ТВ24 велат дека за две години направени се рекордни покачувања во платите на здравствените работници.
„Вкупно, со сите зголемувања од 2018 година, основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40%, а на медицинските сестри помеѓу 20 и 23%. И во наредниот период, продолжуваме со унапредување на условите за работа на сите здравствени работници.“ – велат од Министерство за здраство.
Денеска унијата на здруженија има средба со Самостојниот синдикат за здравство на кој ќе бараат прифаќање на нивните барања. Барањата на сестрите доаѓаат откако претходно здраствените власти ги покачија платите на специјалистите за 25%, на општите доктори за 15%, додека пак медицинските сестри добија 10% покачување. Претходно со штрајк се закани и административно-техничкиот персонал во здравството поради тоа што тие беа изоставени од овој бран на покачувања.