По обелоденување на скандалот што се случил во Детската болница „Козле“ дека за време на Ифтар било извршено насилство врз вработена од страна на менаџер, од сигурни извори здравство.мк дознава дека токму менаџерот Р.А утре ќе магистрира.

Менаџерот  утре ќе брани магистерски труд на економски факултет.

Овој човек што има претепано вработена, која истовремено добива отказ и под присила морала да ја повлечено тужба против него, нема грам морал.

Вработената денеска по немилиот настан што и се случи  има тешки здравствени проблеми, и завршила на клиника, тешко се опоравува од голготата низ која поминала, при што и сопругот ја оставил.

Додека менаџерот во работно време на Детската болница „Козле“ тепа вработени, во слободно време брани магистерски труд,а министерството молчи. Министерот за здравство треба да одговори на јавноста зошто досега менаџерот не одговарал пред законот туку по присила медицинската сестра што била малтретирана дури била и принудена тужбата да ја повлече и да молчи.