Кај пациенти сместени на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), доктори забележале знаци на влошување на состојбата и за нив денес се планира трансфер во странство.
„Сите ни се стабилни, има пациенти со знаци на влошување, но не се во тешка состојба. Ги планираме за транспорт. Денес продолжуваме со транспортирање уште осуммина пациенти. Ќе заминат во Словенија, Полска, Австрија, Италија и во Хрватска“, рече директорот на Клиниката за трауматологија“, Игор Мерџаноски.
Рече дека пациентите се подготвени за транспорт.
-Сите екипи кои доаѓаат се со авиони, хеликоптери за транспорт на вакви болни. Дојдени се екипи од Израел, Белгија, Србија, рече директорот.