-Дали со ова требаше да се справиме? И на ова ќе му дојдеше редот, но за жал тие се капацитетите на Владата. Дали тие што отвараат втора, трета врата ќе ги исполнат техничките услови? Не, нема да ги исполнат, затоа што минимум техничките услови побаруваат многу други услови кои што треба да бидат исполнети. Втора или трета врата не значи дека минимум техничките услови ќе бидат исполнети. Дали тие што ќе ги исполнат минимум техничките услови согласно новите измени во законот кои што мора да следат и за тоа ќе имаме посебна работна група, откако ќе констатираме колку овие лиценци, прво се функционални и важачки; второ, колку се дадени како што се дадени на овој локал во Кочани, бидејќи тој ако ја видите лиценцата ја поседувал до ден пред да се случи овој настан, тој поседувал важечка лиценца издадена на хартија со печат. Печатирана, потпишана, значи да дојде инспекција и да провери тој ќе ја извади лиценцата и ќе рече точно е, овој има лиценца, но ако погледате архивскиот број и проверите во архивата која што ја проверува сега министерот за економија ќе видите дека станува збор за некое барање за некој хотел во Охрид и втората фалсификувана лиценца е коресподенција со странски инвеститор, нема никаква врска со лиценца, појасни премиерот Мицкоски.

Не е проблем дали некој е политички заштитен, тоа е криминал, тоа е растурен систем, тоа се поединци кои што мислат дека се над системот, тоа е проблемот, вели Мицкоски.

Не е проблем дали некој е политички заштитен, тоа е криминал, тоа е растурен систем, тоа се поединци кои што мислат дека се над системот, тоа е проблемот. Тие денеска се во притвор и за ова ќе одговараат и нема горна граница на пропишаната казна. Го слушнав обвинителот дека ќе барат највисока можна запретена казна, 20 години. Дали тоа ќе ги врати човечките животи? Нема да ги врати, дали ние ќе ги вратиме, нема да ги вратиме, но ова барем да ни биде како опомена. Никогаш да не ни се повторат вакви работи. Да ни биде ова опомена дека ова денес што го правиме ќе има последици во иднина. Сите ние имаме некаква одговорност. Повикувам на разум, ве молам на разум. Со неправда, со анархија не се носи правда. Го разбирам револтот, се разбирам, се можам да понесам, утрото бев таму, знам како ми беше кога го видов приозорот. Со свои очи знам што се случуваше, рече Мицкоски.