Министерот за здравство Венко Филипче најави за следната година повисоки плати за докторите, но при тоа ги заборави медицинските сестри. Медицинските сестри бидејќи се заборавени, револтот кај нив е се поголем, поради тоа и нивните реакции не стивнуваат. На социјалните мрежи може во текот на оваа вечер да се приметат разни коментари од медицински персонал кој заминал, кој е револтиран, до оние кои се полни со подршка за медицинските сестри и безрезервно се тука да ги подржат медицинските сестри во остварувањето на своите права.

Министерот проба со ветувања за 5% зголемување на платата, продолжи со зголемување на бодот на ноќните дежурства, но многу повеќе се грижи и остварува за докторите, лекарите и хирурзите и при тоа ги изостанува медицинските сестри акушерките и техничкиот персонал, без кој докторите, лекарите и хирурзите не би можеле во целост да се реализират и да успешно ги завршуваат своите обврски во правец на лечењето на пациентите. Од овие причини дел од медицинските сестри реагираат на социјалните мрежи како министерот дозволува нивни колешки кои работеле на детска клиника со цитостатици и централни венски катетри после 20 години работа да бидат приморани и да си заминат.

При тоа и министерот и целиот медицински персонал знае дека за да може да се обучи адекватно една медицинска сестра за ваква сложена работа потребни се минимум шест години, за на крај после толкав период работа во клиничкиот центар во една од подобрите клиники, поради негрижа за нивната фела и поради понижување на работното место дел од медицинскиот персонал си заминува. Во овој случај станува збор за две медицински сестри професионалци, со само 20 илјади денари плата.

Освен медицинските сестри наголемо започнаа и докторите да си заминуваат од детската клиника во Скопје, во склоп на клиничкиот центар. По социјалните мрежи можеше да се забележат и доктори кои го напуштаат своето матично место на клиниката за детски болести и заминуваат по приватните клиники. Најсвеж пример за тоа е докторката Билјана Чоневска Јованова, која на социјалните мрежи веќе го најави својот трансфер во приватната клиника Аџибадем Систина каде како педијатар ќе се грижи од оваа клиника за здравјето на дечињата, иако според добро упатените во состојбите на клиничкиот центар, оваа докторка до вчера тоа го правела на детската клиника во клиничкиот центар.

Со ова само уште еднаш се потврдува неможноста и незнаењето на министерот Филипче да раководи со ова министерство, да се справи со тековните проблеми кои се појавуваат и да го задржи персоналот, докторите и сестрите кои долги години работеле, се стекнале со знаење и вештини, искуство во клиничкиот центар во Скопје. Каде е Филипче да ги објасни бегањата на стручниот кадар? Намерно ли се предаваат и продаваат докторите на приватните клиники за јавното здравство да се бутне што подолу може? Кој ќе ги лечи македонските пациенти? чекаме одговори министре Филипче – апелираат на социјалните мрежи загрижените граѓани до кои доаѓаат овие информации.