кариМинистерот за здравство Венко Филипче потврди дека ќе присуствува на протестот закажан за среда против зачестеното насилство врз медицинските лица и останатиот персонал вработен во установите.
На одржаната прес- конференција министерот рече дека почнале да превземаат мерки за да не се случуваат инциденти во иднинна , исто така повтори дека и деновиве ќе имаат координација со Министерството за правда и Министерството за внатерешни работи, а ќе започнат и едукативна кампања за стоп за насилството во болниците и клиниките.
Тој повтори дека ќе има обезбедување во 4 -те најкритични Клиники и дека полиција ќе партолира почесто околу старата Градска болница.
Од друга страна од асоцијацијата на млади лекари и специјализанти рекоа дека не се задоволни што само во овие четири установи ќе има професионално обезбедување. Според нив потребно е систематско решение во секоја болница и клиника да има засиленио обезбедување.
Револтот ќе го изразат во кругот на Клинички во среда во 11 часот.
Најавата на ваков настан од страна на лекарите и медицинскиот персонал предизвика голем интерес на социјалните мрежи и а воедно и голем интерес од страна на лекарите.