-Ќе бидат преземени мерки против сите за кои ќе биде утврдено дека го загрозиле здравјето на граѓаните и тука јасно ја упатувам таа порака – сите препораки што ги донесе Владата, кои ги направивме многу рано, пред сите бевме во регионот. Апелите за немање масовни собири и други мерки. Затоа секаде каде ќе утврдиме прекршување ние ќе преземеме најостри мерки на санкционирање – изјави на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче и додаде дека во однос на конкретниот случај, колешката е хоспитализирана, сите други и колеги, колешки, пациенти… цел одел ќе бидат во домашна изолација.
На новинарското прашање дали тој лично имал контакт со директорката на клиниката откако е вратена од Италија, министерот одговори дека немал контакт со заболената докторка.
Министерот Филипче на денешната прес конференција ја потенцираше и важноста на медиумите и се заблагодари на новинарите кои максимално соработуваат со институциите и помагаат во оваа ситуација.