Министерот за здравство Венко Филипче денеска патува за Грција на средба со тамошните власти со кои ќе се разговара за подготовка на здравствениот систем за следниот период кога се очекуваат нови пикови, но и за за отворање на границите и аеродромите. Имаме повеќе отворени прашања.
Се поставува прашањето – кои резултати, чии резултати, какви тестови ќе се бараат и колку време треба да важат, посочи Филипче. Сепак, пред малку Грчката влада соопшти дека одново ја продолжи, до 15 јуни 2020 година, мерката „за забрана за влез за државјани на трети земји освен на држави од Европската унија и Шенген зоната“.
До утре во 15 часот во сила е одлуката за привремено ограничување на сите авионски, железнички и патни поврзувања со Северна Македонија и забрана за влез на македонски државјани на грчка територија; привремено ограничување на сите авионски, морски, железнички и патни поврзувања со Албанија и забранет е влез во Грција за албански државјани и привремено прекинување на морското и авионското поврзувањето со Италија и воздушниот сообраќај со Шпанија.
Инаку, Грција во сабота 16 мај ги отвора плажите. Ќе работата под одредени правилаодносно ќе може да има 40 лица на 1.000 метри квадратни; четири метри растојание меѓу чадорите; забранета за продажбата на алкохол. Сепак, ова остава голема несигурност кај оние кои работат на плажите.