Сали Садику, лекар кој ја затвори амбулантата во Јаболчиште – Велес и замина од земјава. Страшната вест која го погоди заменик министерот за здравство, Асим Муса кој вели дека не бил информиран за овој случај. Тој јавно го повика неколку дена да не оди и да продолжи да го дава свој придонес во здравствениот систем во Македонија.
-Јас го поканувам, доколку сака да продолжи да работи и да даде придонес во Македонија, во неговата татковина, да не оди бидејќи во првиот конкурс кој ќе се отвори во здравствените институции во Велес, ќе биде примен на работа. Доколку замине за подобар живот, тоа е негова одлука. Немаме предрасуди кон лекарот Сали Садику, а уште помалку за местото каде што работи. Бројот на лекари е ограничен-вели Муса.
Општиот лекар, Сали Садику, замина од родниот крај и во моментов се наоѓа во Брисел. Прашан дали ќе се врати, Садику одговорил:
-Во Македонија никогаш нема да се вратам. Знам дека татковината е непроценлива, ги оставив на одговорност мајка ми и татко ми, сопругата и децата. Толку закани добивав како лекар, но се надевам дека ќе има правда-изјави Садику.
Инаку лекарот, Сали Садику, ја затвори амбулантата во велешко Јаболчиште за да оди во Белгија. Тој тврди дека не можел да ги покрие месечните трошоци со неговите приходи.
Дали се прашани како преживуваат останатите доктори со нивните ординации низ републикава, да одговори министерот за здравство Венко Филипче? Дали понудата на Асим Муса е понуда и важи за сите доктори во Македонија со приватни амбуланти кои работат како матични доктори во своето населено место, поточно ако имаат финансиски проблеми да не заминуваат од државата туку да останат таму каде што се ама да пријават во Министерството за здравство и потоа при првиот оглас за доктори во државни клиники они ќе имаат предност и веднаш ќе бидат вработени под државна капа?
Дали ваквиот договор и понуда важи за сите или оваа власт работи селективно и ваквите понуди и договори ги добиваат само тие со пријатели во власта и со врски?
Ако се свесни во Министерството за здравство и министерот Венко Филипче, за недостатокот на доктори и медицински персонал зошто не дадат понуда за сите со повисоки плати, под државна капа, бенефициран стаж и други поволности, стипендирани студии за да се создадат нови кадри и обврзувачки договори истите да останат. Се додека власта не размислува поинаку и да ги поправи работите одливот на доктори ќе се случува, реакцијата на Муса е малку подоцна и само за одредени доктори, бидејќи сме сведоци после две години одлив на медицински обучен кадар дека нема подобрување на состојбата.
Оочигледно е дека Филипче воопшто не води сметка и не се оптоварува со фактот дека нема доктори, а другите од владеачката гарнитура како Асим Муса ќе водат грижа само за поединци, ете на што се сведе здравството во Македонија со актуелната власт. Дали ваквото однесување е оправдано и во ред? Кој ќе даде објаснување пред народот од актуелната власт?