Директорката на универзитетската клиника за стоматологија за која антикорупционерите утврдија дека си вработувала доктори по нејзина желба, злоупотребувајќи го дискреционото право и натаму директорува со клиниката. Иако антикорупциската комисија побара нејзино разрешување и поништување на огласот за вработување на доткори, министерството за здраство ниту ја разрешило ниту постапило по укажувањата на антикорупционерите.
„За вршител на должноста медицински директор во ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ – Скопје ја именува Амела Цана, до именување на медицински директор по распишаниот конкурс, но не подолго од шест месеци.“
Од Антикорупциска пак велат дека предметот е на управен суд а тие ќе бараат јавна седница на која сакаат да учествуваат.
Освен за директорката на стоматологија антикорупционерите уште испитуваат и како директорката на хематологија унапредувала лекари во раководители на оддели, откако до нив стигна анонимна пријава од вработени во клиниката. За директорката на хематологија се утврдува и дали има судир на интереси, откако дел од медиумите објавија дека делела тендери на фирмата на татко и, кој пак е сопственик на веледрогерија.
Инаку непотизмот и злоупотребата на дискреционото право според антикорупционерите се најзастапени токму во здравството.