Штрајк во Фондот за здравство во понеделник

Синдикалната организација на Фондот за здравствено осигурување при САДУ ќе го одржи веќе најавениот штрајк, кој ќе се одржи на ден 30.12.2019 година, информираа денеска од Синдикатот на администрација и државна управа на…

Синдикалната организација на Фондот за здравствено осигурување при САДУ ќе го одржи веќе најавениот штрајк, кој ќе се одржи на ден 30.12.2019 година, информираа денеска од Синдикатот на администрација и државна управа на Македонија.

Штрајкот ќе се одржи откако раководството на ФЗО не одговори на барањата на синдикатот ниту пак се одзва на повикот за решавање на проблемите во синдикатот. Раководството не се одзва ниту на периодот даден за договор и социјален дијалог пред одрќување на штрајкот на вработените, напротив има игнорантски однос спрема синдикатот и вработените во фондот.

Откако раководството не се произнесе по барањата, синдикатот ќе го одржи најавениот штрајк и ќе продолжи со своите активности доколку продолжи ваквиот однос од страна на институцијата.

-Ги повикуваме сите вработени на солидарност, да излезат и да го поддржат штрајкот бидејќи ова е борба за подобри работнички права и услови кои очигледно не се предмет на меѓусебна расправа и социјален дијалог, велат од Синдикатот.


Related Articles