Од Министерството за здравство попладнево информираа дека на 14 февруари, Бесија Иљази е назначена за организациски директор на токсикологија, затоа што секоја клиника по закон требало да има двајца директори – еден медицински и еден организациски.

Нови директори, како што информираат од МЗ, има и на неврологија, ендокринологија, стоматологија и физикална медицина и рехабилитација.

Инаку, сите овие здравствени установи веќе една година се без организациски директор.