Универзитетските истражувачи велат дека мирисот на рузмарин може да ја подобри меморијата. Според истражувањето, учениците и студентите кои работеле во простории со мирис на етерично масло од рузмарин постигнале пет до седум проценти подобри резултати на тестовите за меморија. Овие резултати се во согласност со тестови наменети за возрасни, рече Марк Мос од Универзитетот во Нортамбрија.
Мос изјавил дека истражувањето само ги потврдило претходните уверувања дека рузмаринот влијае на меморијата. Мирисот на рузмарин со векови се поврзува со добра меморија бидејќи учениците во античка Грција носеле венци од рузмарин на испитите. Истражувањето беше претставено на годишната конференција на Британското психолошко општество.