Мисајловски: Македонија го живее црниот понеделник, а Заев зборува за тригодишни постигнувања

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, денес преку изјава на медиумите зборуваше за несериозноста на Владата кога станува збор за справување со кризата од коронавирусот која Македонија ја живее веќе неколку…

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, денес преку изјава на медиумите зборуваше за несериозноста на Владата кога станува збор за справување со кризата од коронавирусот која Македонија ја живее веќе неколку месеци. Тој посочи дека е лудост да се зборува за избори, а уште полудо е да се делат флаери на кои пишува дека короната е победена. Несериозно е и преставува целосна отсутност од реалноста да се говори за некакви тригодишни постигнувања, кога денес Македонија го живее црниот понеделник, што значи огромна бројка на ново заразени луѓе со Ковид 19 и луѓе кои ги загубија своите животи, изјави Мисајловски.

-Во ваква една тешка ситуација, преставува лудост да се зборува за избори, и колку и Заев да вели дека имаме нормалност, имаме фатална ненормалност во општеството. Во податоците кои ги спомена на прес конференцијата не верува ниту Зоран Заев, и тие се толку нереални колку што е и нереален податокот напишан во нивниот флаер дека ја „победиле“ Короната. Работата е што Заев не само што е главен фактор за кризата поради неспособноста на неговата влада да ја менаџира, туку тој со неговите изборни активности станува и извор на кризата со корона. На човекот пола партија му е во изолација, а тој говори за предизборни активности. И тука неговото лудо настојување ја открива и причината зошто тоа го сака, свесен е дека престои пораз, и дека така мисли дека ќе стане пратеник со имунитет. Но, еве да кажам дека и оваа пресметка му е залудна. Околу достигнувањата, Зоран Заев заборави да ги каже главните достигнувања, еве јас ќе кажам неколку. Добиваме 3 години по ред хибриден режим, држава со најголема стапка на криминал и корупција. Неправда како основен постулат на функционирање на државата и владата, вели Мисајловски.

Тој додава дека достигнувањата се и лиценците за марихуана, ископите во РЕК, фондот за иновации и поделените средства на луѓе блиски до Заев и СДСМ. Да не го заборавиме Ден Дончев и документите за перење пари, уценетите бизнисмени и ред други нивни славни достигнувања.

– Народот е со празни џебови. 200 милиони евра дефицит за 4 месеци, а до крајот на годината ќе го задолжат секое семејство за 1500 евра и дупка во буџетот од над 1 милијарда евра. Едноставно е, секој од вас знае дека не се живее подобро и дека не е побогат. Граѓаните ја живеат тешката реалност и знаат дека мора промена. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ и ние оваа битка ќе ја добиеме заедно со народот, вели Мисајловски.


Related Articles