Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва беше гостин во една од телевизиските куќи во Македонија каде зборуваше на различни теми меѓу кое и за тоа како оваа влада на СДСМ се справува со коронавирусот.
-Консензус е потребен и кога станува збор за образование и за здравствто но не само за тоа и за многу други работи. На политичка дебата ако го сведеме тоа зошто нема консензус, па има консензус, нема да дојдеме никогаш до одговорот на тоа прашање, треба да го покажаме тоа на дело. Претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ одлучила да изгради клинички центар кој ќе чини одредена сума на пари, тие пари ги обезбедила од Европската банка за обнова и развој, направиле проект и така натаму и почнал тој проект да заживнува. Доаѓа друга влада, вели ова не чини, ова не е добро, ние ќе го поништиме тој тендер, ќе платиме казна за тие средства кој што ги земала претходната влада и ние сега ќе правиме нов клинички центар на друга локација во Визбегово и тоа трае една година. После година и половина викаат дека одлучија дека тука нема да прават, ќе прават накај Ѓорче Петров, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Мицкоски исто така посочи дека ВМРО-ДПМНЕ со програмата со која што планираше да излезе на предвремените парламентарни избори имаше поинаков пристап од аспект на здравството и ценеше дека тие пари кои што се предвидоа за тој клинички центар од 500 милиони евра, се фрлени пари.
Во врска со ова Мицкоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ мисли дека не треба да се инвестира во тули, туку треба да инвестираме во човечкиот капитал.
– Ние сметавме дека можеме да го направиме најскапиот и најсовршениот и најубавиот клинички центар на светот, но ако нема кој да работи во него залудно сме ги вложиле тие пари и затоа ние имавме поинаков пристап од аспект на здравствените политики, додаде Мицкоски.