Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во своето вечерашно гостување на една од нашите тв куќи зборуваше за тоа како економијата и бизнис заедницата ќе се справи со ситуацијата поврзана со корона вирусот.
– Сите бевме загрижени како ќе се однесуваат во тој момент банките и сите се боревме да банките навистина превземат сериозни чекори во тие моменти, а тоа беше одложувањето на обврските кон банките.
Инаку кога станува збор за бизнис заедницата ние имавме комплетно дијаметрално различен пристап од СДСМ во насока на делот на поддршката за бизнис заедница. Ние велевме дека никако не треба да се исклучи март и тоа се покажа сега затоа што ако вие го видите данокот кој што го собра УЈП во месец април и за тоа ќе имаме деновиве дополнителна прес конференција, а се собираше за март и првиот квартал од 2020 година е за 3.3 милијарди денари помалку.
Тој исто така посочи и дека сега за сега избори не треба да има бидејќи се уште здравјето на граѓаните е загрозено и во опасност. Како до кредибилни избори без да се има кредибилна изборна кампања и програма. Првиот момент кога ние ќе знаеме дека сме ја ставиле пандемијата позади нас, дека не постои ризик за здравјето на граѓаните, дека ние нема во кампања да броиме новозаболени, или луѓе кои што го загубиле животот. Првиот момент кога ќе имаме фер и кредибилен изборен процес, а нема тоа да биде фејсбук и твитер процес тогаш ќе излеземе ќе се договориме за датум, ќе ја преставиме нашата програма пред граѓаните, ќе излеземе на избори како што било и до сега, ќе се преставиме пред граѓаните и тие нека оценат која опција е подобра, нагласи Мицкоски.