Со голема тага ја примив веста за смртта на двете деца во пожарот во Шуто Оризари. Како родител, се сочувствувам со големата болка што ја почувствуваа, денес, нивните родители. Тоа е огромна човечка трагедија чија загуба е ненадоместлива и која не може да се изрази со зборови. Но, мора да се остане силен и човечен.

Ова го посочи техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, која вечерва го посети семејството на кое му се слчи вистинска трагедија.

-Ќе сторам сѐ што е во моја надлежност, да им помогнам на семејствата. Знам, дека болката е ненадоместлива, но нивните браќа и сестри ќе ја имаат мојата максимална поддршка во секој поглед. За таа цел, како Министерство за труд и социјална политика им е понудено сместување и еднократна парична помош