Директорот на Клиничката болница – Гостивар д-р Јакуп Јакупи во телефонски разговор за една од нашите тв куќи изјави дека модуларната болница во Гостивар се затвора поради намалениот број на заболени, но и да се отстапи место за истражителите кои најавиле дека ќе вршат безбедносни проверки во болницата. По трагедијата во Тетово, доктор Јакупи вели дека секојдневно се прават безбедносни проверки, како на електриката така и на сите инсталации во неа.
– На инфективното одделение сабајлево имаше 18 пациенти, од кои четири се испишани, занчи 14 пациенти, од кои седум се на кислородна поддршка. Двајца се во потешка општа состојба. Во модуларната болница имаме само тројца пациенти, не се на кислородна поддршка и рачунаме до петок да се пуштат и модуларната болница привремено да се затвори, рече Ратко Наумовски, Инфективно одделение во болница Гостивар.
И додека едни се затвораат, планираните модуларни болници чии градби се во тек, од Министерството за здравство велат дека се одвиваат со планираната динамика. Во тек е велат оттаму – стручна консултација за градежните работи.