Платон велел: „Морето ги пере сите мачнини“, а Еврипид тврдел дека морето му го враќа здравјето на човекот. Мирисот на сол и борова шума ја смирува душата, а звукот на брановите како да шепоти на уво и лесно го масира телото.
Она што многумина не знаат дека освен што ја чистите душата со морската вода, на природен начин го чистите и телото. Кој не сака бесплатна детоксикација без многу маки? Токму тоа ви го нуди морете. Источните култури и Тао терапевтите со векови ја истакнуваат важноста на морската вода и морската сол. Морето ги содржи сите важни минерали и елементи и е бесплатен извор на минерални хранливи работи.
Медитеранската клима, ветрот, сонцето и присутноста на етерични масла придонесува кон полнење на батериите и го ослободува од секојдневниот стрес. Ситните честички на сол во воздухот патуваат до најдлабоките предели на белодробните алвеоли. А минералите кои продираат во организмот го зајакнуваат имунитетот.
Морската сол и морската вода ја чистат кожата од отрови и ѝ дозволуваат обновување. Многумина купуваат морска сол, но таа не може да ја замени морската вода. Купувањето на морска сол која е лишена од своите природни минерали и елементи и нема некое преголемо здраво влијание.
Морската вода помага при лечење на болките во грбот, помага за ишијас, спортски повреди, проблеми со циркулација крв, псоријаза, сите состојби поврзани со модерниот начин на живот како напнатост и нервоза и лечи срцеви болести, ги отстранува нечистотиите на кожата и ја влажни сувата кожа.
Брановите и струите во морето внимателно го масираат целото тело и бесплатно го острануваат целулитот. Присетете се на старата изрека „Во здраво тело, здрав дух“ и отидете на море и уживајте.