Во текот на изминатото деноноќие (27/28.04) на територијата на Република Македонија на 53 лица им се издадени решенија за изолација, а 76 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.
-По однос, пак, на забраната за движење, во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 42 лица не ја почитувале забраната за движење, и притоа приведени се 32 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информираат од МВР.