Во моментов на Клиниката за гинекологија нема ниту една родилка позитивна на Ковид-19, има осум родилки чии тестирања се во тек, а се сместени во одделот за изолација, соопшти Министерството за здравство.
Од таму укажуваат дека најверојатно погрешно е протолкувана изјавата на директорката на Клиниката за гинекологија, Викторија Јовановска, во врска со бројката на позитивни родилки на клиниката за гинекологија.
Од МЗ велат дека не станува збор за 20 позитивни родилки на ГАК во моментов, туку за вкупно 20 од почетокот на епидемијата досега.