Додека во Европа и светот, едуцираните Роми добиваат можност да раководат со високи позиции, во Македонија, бројот на Роми на кои им е доверена висока функција е мал и речиси незабележителен, истакнаа денес од Независниот ромски центар.
Од таму велат дека негативните и дискриминирачки ставови кои постојат кон ромската популација, ги поттикнува ромите да ја бараат среќата надвор од Македонија .
„Имаме еден голем број на едуцирани кадри Роми, кои за жал секојдневно аплицираат, но имаат можност само оние со средно образование да се вработат во маркетите, да ги пополнуваат празнините на луѓето кои заминале, и затоа ние денеска имаме една позитивна слика, во мали фирми, продавници има Роми, бидејќи тоа беше сон, да гледате вие ромка да работи на каса, меѓутоа, тоа е навистина реалноста.“ – вели Ашмед Елезовски – НРЦ.
Ние имаме доктори, млади перспективни кадри, кои заминаа од Македонија, бидејќи тука немаа можност тука да добијат специјализација“ – ги истакна проблемите со вработување Елезовски.
Др Бајрам Берат, еден од ретките доктори Роми во Македонија, побара да им се дадат повеќе права и можности на Ромите кои дипломирале на медицински факултет да се докажат во својата земја.
„Ние денес имаме, не знам колку доктори , во мое време бев само јас и мојата сопруга. Денеска, веќе не се броиме на прсти, ги има многу.“ – вели Др Берат Бајрами – активист за човекови права.
Меѓутоа болната страна и вистината е дека од сите тие кои што дипломираа на медицински факултет , само тојца работат на струката. Сите други, се на некое друго место“ – вели др Берат Бајрами.
Од националниот ромски центар побараа да се согледа реално која е процентуалната бројка на Ромите во земјата и да се стопира манипулацијата на граѓаните кои не се Роми, дека се Роми, само за да добијат вработување и останати бенефиции во државата. Од таму обвинија и дека досега се вложени многу пари на проекти за подобрувањер на состојбата на Ромите, но дсега нема видливи резултати.