Доколку сакате чоколадни комбинации тогаш оваа торта ќе ги маѓепса сите ваши сетила.

Овој рецепт за чоколадна торта со богат филм е нешто божествено, а нејзината подготовка е навистина брза.

Состојки:

– 200 грама мелени бисквити;
– 200 грама чоколадо;
– 700 милилитри млеко;
– 80 грама путер;
– 60 грама брашно;
– 30 грама шеќер;
– 7 грама желатин;
– ќесичка екстракт од ванила.

Подготовка:

1. Бисквитите и стопениот путер соединете ги во компактна смеса, па распоредете ги како кора во калап (24 сантиметри). Претходно калапот обложете го со хартија за печење. Оставете ја смесата да се излади во фрижидер.

2. За фил: Помешајте го брашното, шеќерот, желатинот, а потоа додадете го млекото, па ванилата. Сѐ добро измешајте и додадете го чоколадото кое сте го скршиле на коцки.

3. Загрејте ја смесата на умерена температура со постојано мешање додека чоколадото не се стопи и не се соедини. Филот ставете го над кората во калапот.

4. Оставете ја тортата околу три часа да зацврсти во фрижидер. Посипете со рендано чоколадо или украсете по желба.