Најголемата санта мраз во светот, позната во научните кругови како А23а, се заглави на своето долго патување северно од Антарктикот. Ледениот брег е трипати поголем од Њујорк, а се откина од брегот на Антарктикот во 1986 година.

Сепак, набрзо се заглави во калливите длабочини на Веделското Море, каде што остана 34 години. Потоа го започна своето патување повторно во 2020 година, упатувајќи се на север кон потоплиот воздух и водите на Јужниот Атлантик, каде што многу помали ледени брегови се распаѓаат и исчезнуваат.

Меѓутоа, во април оваа година A23a навлезе во Антарктичката кружна струја (ACC), моќна сила која ги носи океанските води и сè што е во нив на север до каде што конечно пропаѓа сантата мраз.

Сепак, ледениот брег повторно застана, но не се заглави на дното, со оглед на тоа што меѓу неговата основа и дното на океанот има повеќе од илјада метри, туку A23a плови на место северно од Јужните Оркни Острови и ротира спротивно од стрелките на часовникот за околу 15 степени дневно.

Ледениот брег е фатен во вител наречен Пири Бенк, кој всушност е испакнатина на океанското дно. Струјата што наидува на пречка на морското дно може под соодветни околности да се подели на два различни струи, создавајќи маса на ротирачка вода меѓу нив. Во случајот со ледениот брег А23а пречката е испакнатина широка 100 километри на дното на океанот и сега A23e е заглавен таму.

Истражувачот Марк Брендон изјави за ВВС дека сантите мраз често се гледаат како минливи објекти, кои се распаѓаат и се топат, но овојпат тоа не е случај. А23а е санта мраз која едноставно одбива да умре, вели Брендон. A23a полека се врти во место веќе неколку месеци, но до кога ќе остане заглавен се уште не е познато.