Колапс се случува на здравството на хрватските острови, а најстарата лекарка на Крк има 80 години. Персоналот има премногу работа во сезоната. Лекарите велат дека дневно имаат повеќе од 130 контакти со пациенти, а оптимумот би бил 40 прегледи.

Лекарите и медицинските сестри на Крк излегоа на протест пред градската управа.

„Според последните податоци во Малинска има 35.000 луѓе. Во Малинска моментално има само моја ординација која го покрива. На Крк во зима има 20.000 луѓе, а сега 170.000“, изјави за Net.hr матичниот лекар Жељан Жиќ, а пренесува N1 Загреб.
Имаат девет лекари плус еден хонорарен, па споредуваат со Риека каде има повеќе од 70 клиники за 110.000 жители.

Најстарата лекарка на островот не можела да дојде на протест затоа што работела – нема кој друг.
„Имам 80 години, пензионирана сум, но пензијата ја ставив на мирување и сега работам“, вели Бранка Тонковиќ, докторка.

Се смета дека туристички клиники е спасот за ситуацијата.