Најниска температура од -5 степени Целзиусови утрово е измерена во Крушево. Следат Маврови Анови и Струмица со -4 степени, -3 Берово, Демир Капија, -2 Битола, Прилеп, Претор, -1 Охрид, Штип, Крива Паланка, 0 Скопје-Петровец, Виница, Кавадарци, Гевгелија, 1 Тетово, Дебар, Куманово, 2 Скопје-Зајчев Рид, Дојран и 3 степени Велес.

Висината на снежната покривка во 7 часот изнесува 10 сантиментри во Маврови Анови, 6 Крушево, 4 Попова Шапка, Дебар и 2 сантиметри во Тополчани.

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 11 степени.

Во Скопје променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 8 степени.