Септември е месецот кога се слават најмногу родендени, покажуваат податоците објавени од World of Statistics.

Повеќето родендени се слават на 9, 10, 12, 15, 16, 17, 18, 19 и 20 септември и на 7 јули.

Од друга страна, најмалку раѓања има на 29 февруари, што не е изненадување бидејќи знаеме дека тој датум се појавува во календарот на секои четири години.

Иако празниците се популарно време за зачнување, тие не се за породување. Католички Божиќ (25 декември), 1 јануари (Нова година) и католички Бадник (24 декември) се меѓу датумите кога се слават најмалку родендени.