Времето денеска во текот на претпладневните часови се очекува да биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец, известуваат од УХМР.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец.

Според прогнозата на УХМР, во текот на утрешниот ден не очекува студено утро со појава на магла по одделни котлини. Преку денот времето ќе биде облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во Скопје облачно и магливо со слаб до умерен ветер од северен правец.

За време на престојниот викенд, поточно во недела, но и во понеделник претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат претежно од снег каде ќе се формира снежна покривка.