Ова е појадок кој ќе ви овозможи да го почнете денот на здрав начин, бидејќи е преполн со хранливи материи, кои ќе ве држат сити многу долго.
Експертите за кулинарство споделија рецепт за „најсовршениот омлет“, кој изгледа како да е излезен директно од менито на некој познат ресторан, а сигурно ќе ви се допадне и вам.
Како точно изгледа тој омлет?
Најсовршениот фил за омлет има три состојки:
Состојки:
– Сланина
– Козјо сирење
– Авокадо
Приготвување:
Започнете со топење на путерот во тавче додека дното убаво се покрие со путерот.
Изматете ги јајцата за да се соединат белките и жолчките.
Полека истурете ги јајцата во тавчето подмачкано со путер и зачинете ги. Кога ќе бидат речиси готови, нежно превртете ги на другата страна.
Тргнете ги јајцата од шпоретот и додајте ги авокадото, козјото сирење и сланината!
Добар апетит!