Минатата недела на клиничкиот центар во Скопје по наредба на непозната личност до сега а по претпоставка дека тоа е министерот за здравство Венко Филипче, се отвори уште еден простор за паркирање. Кога министерот говореше во медиумите дека ќе го среди сообраќајниот хаос најверојатно на ова се мислеше. Поточно станува збор за заградениот со лим дел до Клиниката за Гинекологија, каде што дел од лимената ограда се отстрани и возила почнаа да се паркираат, сега тоа што во тој дел имаше повеќе кал од вообичаено и таа кал се разнесуваше низ целиот клинички, тоа е тоа, битно се отворија дополнителни места за паркирање и според кажаното од Филипче, се реши сообраќајниот хаос, колку толку, нели?
Но, тоа не е никакво соломонско решение да сега ние како пациенти бидеме неизмерно благодарни, туку напротив, до вчера се боревме со сообраќајниот хаос, сега ќе се бориме и со калта по возилата и кондурите кога ќе одиме на доктор, се дискутираше по социјалните мрежи.
Откако проструија информациите за калливото решение за сообраќајниот хаос на министерот за здравство, денес и покрај тоа што пропрскува дожд, следната слика може да се забележи во клиничкиот центар во Скопје, се раскреваат огради, се расчистува теренот, се расчистува просторот. Граѓаните се надеваат дека е со цел да се започне со изградба на долго зборената и уште подолго ветената катна гаража на локација непосредно до Клиниката за Гинекологија. Социјалните мрежи пак почнаа да дискутираат, се пишуваат различни мислења, ние како граѓани во перидот што следи ќе видиме за што се спрема просторот. Ако претпоставките се точни и се започне со изградба на катната гаража, може само едно да се каже…КОНЕЧНО! – коментираат блогерите по социјалните мрежи