При клиниичкиот центар во Скопје, постои и самостоен синдикат кој реагира по најавеното покачување на платите на здравствените работници. Тие посочуваат дека ова покачување за некого 5% за некого 10 % ќе предизвика поделеност и ќе ги сврти членовите на тимовите кои до вчера функционирале заедно, да започнат да се гледаат намуртено, а во одредени ситуации и да се опструираат.

„Во врска со последните збиднувања околу предложениот буџет и покачувањето на платите на здравствените работници и соработници сакаме јавно да го споделиме нашето мислење и став без намера да добие било каква политичка конотација. Го фрливте јаболкото на раздор. Со предложеното покачување на јануарската плата за здравствените работници и соработници влеговте во тимот, и дали од незнаење или со намера пробавте да ги раздвоите тимовите, да ги поделите.

Она што сме сигурни е дека нема да успеете во Вашата проба или намера. Но, го внесовте сомнежот. Дали докторот специјалист ќе се одвои од тимот, поставуваат прашање по социјалните мрежи дел од здравствените работници и соработници. Се вперуваат намуртени погледи од оние со 5% кон оние со 10% предложено покачување на коефициентот на сложеност за јануарската плата.

Задоволни сме и го цениме покачувањето на дежурствата на докторите во сите ЈЗУ во Република Македонија. Делумно сме задоволни од покачувањето на коефициентот на ноќниот труд, за кое сметаме дека има простор и треба и понатака да преговараме.

Не сме задоволни од бруто пресметките на основната плата, и додатоците на плата во пресметките за остварување на Вашата програма за платите во јавното здравство. Иако, согласно Законот истата така се пресметува, во пракса се преговара и пресметува основна нето плата.

Г-не Министре, Филипче, оваа понуда за нас е едноставно неприфатлива. – посочија од синдикатот