И покрај тоа што научниците спорат дали станува збор за живи или неживи организми , научниците сепак се согласуваат дека вирусите се составени од нуклеинска киселина и дека им е потребна здрава клетка за да се размножуваат.
Сега научниците од јапонскиот универзитет за земјоделство и технологија во Токио (ТУАТ) откриле досега непознат вирус кој му се спротивставува на досегашното толкување.
За разлика од повеќето други организми кои потпаѓаат под дефиницијата „живот“, вирусите немаат ќелии. Тие се едвај парче од генетски материјал (РНК или ДНК) внатре во протеински штит кој е способен да инфицира ќелија пред да почне да се размножува.
Пребарувајќи ни свински измет, научници од токискиот Универзитет за агрикултура и технологија пронашле вирус кој му пркоси на сето она што мислиме дека го знаеме за вирусите.
Вирусот кој го пронајде јапонскиот тим дури и ја нема онаа мала доза на протеини која ја имаат другите вируси, а наместо тоа има „крилести гени“ во својата структура. Тоа значи дека вирусот треба да е неспособен сам да нападне домаќин. На тоа следи прашањето: како ли преживува?
Тимот на истражувачи претпоставува дека вирусот веројатно ги користи другите вируси за да го носат наоколу и да го пренесуваат во домаќини кои би можел да ги инфицира.
Потребно е понатамошно истражување за да се открие што навистина се случува тука, но ова откритие дефинитивно може да го промени нашето сфаќање за вирусите и да отвори нови врати за истражување во борбата со најголемите биолошки закани по човештвото.
„Можно е да се соочуваме со целосно нов систем на вирусна еволуција. Се прашуваме како настанал овој нов вирус, како ги инфицира ќелиите и како создава вирусна честичка. Наша работа во иднина ќе биде во решавањето на оваа мистерија“, вели Мизутани.