Научниците веќе долго знаат дека гугањето е пат кон учење на говорот. Се покажало дека гугањето не е замо учење на комуникација, туку дека и самото е успешен и совршен начин на комуникација.
Имено, кога бебето гуга, тоа го менува начинот на кој родителите реагираат на него, така да можат подобро да учат.
Како што објаснува Стивен Елмлингер, психолог од Универззитетот Корнел, кога бебето произведува звуци, го подобрува сопственото внимание и станува поприемчиво за стимулација. Начинот на гугање се менува како бебето се развива, па со самото тоа се менува и начинот на кој родителите му се обраќаат на бебето.
Кога на пример бебето гуга гледајќи во некој предмет, родителот ќе зборува за тој опредмет – на тој начин бебето ги поттикнува родителите да му ги објаснуваат работите кои него го интересираат.
За подобро да го разберат гугањето, Елмлингер и неговиот тим набљудувале 30 парови на мајки и бебиња за време на интеракцијата. Научниците го анализирале речникот и речениците на мајките, и промените во гугањето на бебето со тек не времето.
Утврдиле дека кога бебињата гугаат, мајките почнуваат да им се обраќаат со пократки и поедноставни зборови. Колку повеќе родителите го прават ова, толку бебињата полесно усвојуваат нови звуци и ги вклучуваат во своето гугање.
Резултатите од истражувањето укажуваат на тоа дека изговарањето кратки одделни зборови има најголемо влијание на бебето и неговото учење на јазикот, а тоа е токму она што бебињата со своето гугање го бараат од родителите.