Минималните температури денеска ќе се движат во интервал од -9 до -1 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 3 до 10 степени
По студеното утро, во текот на денот нè очекува сончево време. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Минималните температури денеска ќе се движат во интервал од -9 до -1 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 3 до 10 степени.

Во Скопје се очекува студено утро со услови за слаба магла, а преку денот сонце со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до -5, а максималната ќе се искачи до 7 степени.

УХМР прогнозира стабилно време во наредните неколку денови со пораст на дневните температури, со исклучок на котлините каде што наутро ќе има услови за појава на магла и на пониски температури.

СПОДЕЛИ