Понекогаш мислите дека правите сè правилно со цел да ги изгубите килограмите, но сепак не е така. Во продолжение ќе прочитате 10 заповеди во процесот на губење калории, кои ќе ви ги овозможат саканите резултати.

*Не држете диета, сменете го начинот на исхрана

Ако размислувате за диета, тогаш од старт имате аверзија, или пак резултатите ќе бидат краткотрајни. За да дојдете до саканата фигура и да ја задржите, треба да внесете трајни промени во исхраната. Тоа не значи дека храната со повеќе калории е забранета. Испланирајте кои нешта ќе си ги дозволите еднаш до два пати во неделата и придржувајте се на тоа. Немојте нагло да претерувате со сè, бидејќи после краток временски период ќе ги вратите сите килограми што сте ги изгубиле.

*Вежбајте правилно.

Со вежбањето се согоруваат калории и маснотии и се потикнува работата на метаболизмот. Но, џабе вежбате доколку не повнимавате на внесот на калории. Кога ќе почнете да вежбате, телото ќе губии калории, но ќе ја зголеми и гладта, затоа мора да се внимава. Кардио тренингот е важен, но ако сакате вистински резултати, тогаш вклучете и силов тренинг, односно тренинг во интервали.

*Не реагирајте на првото чувство на глад

Некои личности имаат проблем да ослабат, бидејќи гладот им создава проблеми. Не можат да му одолеат, па земаат грицки. Некои пак, јадат кога се под стрес или кога им е досадно. Секако дека не е убаво кога ќе ве фати силно чувство на глад, но тогаш сме склони кон пријадување. Сепак, не реагирајте веднаш на првите сигнали. Пролонгирајте го ако можете додека не почнете да губите конценрација. Или, кога ќе ве фати глад, направете тест со јаболко Ако сте навистина гладни, ќе сакате и јаболкото веднаш да го изедете. Ако не, ќе посакате нешто друго да внесете во организмот.

*Не се сите калории исти

Процесираната хана е богата со заситени масти, рафиниран скроб и со шеќери, предизвикува воспаленија и го дефокусира мозкот од примањето сигнали дека сте сити. Поради тоа јадеме повеќе од потребното. Нездравите грицки сменете ги со храна која не е индустриски обработена, како зеленчук, протеини и здрави маснотии.

*Прехранбено тројство

Белковините заситуваат, градат мускули и го поттикнуваат метаболизмот. Ако сакате да ослабите, би требало да јадете дупло повеќе од препорачаната дневна доза протеини (0.8 грама за секој килограм). Добри извори на белковини/протеини се месо, риба, јајца, тофу, млечни производи (јогурт). Тројството што ви е потребно во секој оброк е: вклучување протеини, извори на влакна и маснотии со растелно потекло.

*Не прескокнувајте оброци

Во зависност од тоа колку килограми сакате да изгубите и колку храна моментално внесувате, обидете се да го смалите внесот за 500 до 100 калории на ден (со храна и вежбање). Со прехрана од 1.500 калории, нема да умрете од глад, а ќе ги видите резултати што ќе ве мотивираат.

*Важно е како се храните

Фокусирајте се на тоа што го јадете. Луѓето често се жалат дека им е тешко да држат диета бидејќи сакаат храна, но никогаш не се концентрираат на неа. Јадат додека гледаат тв, или читаат, работат. Затоа јадат повеќе одошто би требало. За да го спречите тоа, фокусирајте се на храната. Помирисајте ја, вкусете ја. Посветете се на оброкот. Џвакајте бавно и така ќе внесете 30 проценти помалку храна.

*Мерете се редовно

Така ќе видите дали вашите напори за слабеење одат напред. Мерете се секој ден во исто време, за да ги добиете најдобрите резултати. Ако забележите дека сте се задебелиле килограм или два, не панечете. Причината може да е во колечството сол што сте го изеле претходната вечер или појавата на циклус (кај жените). Бројката би требало да се врати на старо за неколку дена. Ако не, тогаш преземете нешто.

*Стресот и недостатокот на сон се ваши големи непријатели

Кога сте изморени, телото повеќе го произведува хормонот на стрес – кортизол, кој пак предизвикува глад. Недостатокот на сон го зголемува нивото на грелин, кој повторно е поврзан со глад, па ги поништува сигнализациите дека сте сити. Луѓето кои се на диета, а кои спијат само по петипол часа во текот на ноќта, губат повеќе од 50 проценти помалку маснотии од оние што спијат по осумипол часа.

*Стагнацијата е нормална појава

Кога слабеете, телото испушта сè помалку хормот лептин. Ако изгубите 10 проценти од вкупната телесна тежина, продукцијата на лептинот се намалкува за 50 проценти. Мозокот пак е програмиран да го спречи понатамошното губење енергија, па на телото му зборува дека мора повеќе да јаде и согорува помалку калории. Од оваа причина доаѓа до стагнација во слабеењето кое многу често обесхрабрува, но не треба.