Љубомората е една од најлошите работи во врска и лесно може да доведе до разделба. Ако често имате љубоморни испади пред партнерот, време е да научите како да ги контролирате.

Cosmopolitan предлага четири едноставни, но ефективни начини за тоа.

  1. Ослободете се од негативната енергија

Потиснувањето на негативни емоции и нивно одрекување не е воопшто добра идеја бидејќи кога тогаш ќе пукнете и бесот ќе ги исфрлите на партнерот или на друго место. Затоа, најдете начин како да ги исфрлите негативните емоции. Добар начин за тоа е спортување, вежбање, трчање или што било друго кое ќе ви помогне да се чувствувате посреќни.

  1. Опуштете се

Овој совет е лесно да се каже, но тежок е за исполнување. Сепак е ефективен, кога сте опуштени тешко дека ќе бидете љубоморни. Релаксирајте се на каков било начин, одете на шопинг, купете си ја книгата што сакате да ја читате, одете на некој третман за убавина и слично. Имате различни опции, на вас останува што ќе изберете.

  1. Запишувајте што мислите

Запишувајте ги вашите негативни мисли за партнерот, за колешките, пријателките или на што и да сте љубоморни. Кога малку ќе ви се „олади“ главата прочитајте што сте напишале и споредете го тоа со реалната ситуација. Сигурно ќе увидите дека во повеќето работи сте претерале и тоа повеќе нема да ве измачува.

  1. Научете да уживате сами

Ако на партнерот му приредувате љубоморни испади секој пат кога со некој друг ќе се договори за излегување, тогаш не знаете да го цените времето кое го минувате сами. Убаво е да се дружите со партнерот, но самотијата е нешто што повремено добро ќе ви дојде, а кога ќе научите да уживате сами, љубомората ќе исчезне.

Самотијата и не е толку лоша, колку што е грда љубомората.