Младиот уметник од Босна и Херцеговина, Ади Софтиќ со години се борел со многу тешка алергија – уртикарија. Лекарите немале решение за оваа негова состојба, меѓутоа неговите родите најпосле го пронашле лекот.
Тоа е билката која го краси речиси секој двор, кров или прозор на секој дом, а освен што има симболичко име, таа исто така, е многу лековита.
Ретки се билките кои можат така долго да бидат присутни во народната медицина, како што е чувар куќата.
Најпозната е по тоа што помага за увоболка, но исто така, помага за лекување и на други болести.
Еве ја неговата приказна:
-Верувам дека мојата приказна ќе им помогне на многумина, бидејќи чувар куќата е билка без нуспојави, може да ја користи секој. Притоа, многу лесно се набавува. Мене ми помогна да излекувам тежок вид на алергија, а сведоци сме дека денес, алергиите се најраспространета болест” – вели Ади.
“Имав уртикарија, така барем лекарите заклучија. Беше 1 мај 2005 година. Се сеќавам како вчера да беше. Седев со родителите, гледав ТВ. Одеднаш започна да ме обзема некоја неугодна жештина. Во ушите ми зуеше, во очите ми се замагли. Ми се лошеше.
Чувствував стегање во градите, грлото. Го губев здивот и ме фати ужасна паника дека ќе умрам. Родителите ми измерија температура. Беше исклучително висока и не престануваше да расте. Ме фати грозница. Мислеа дека станува збор за грип. Па дури и лекарите на првиот преглед помислија дека е грип.
Симптомите беа “тука некаде”. Добив антибиотици, пеницилин, па малку состојбата се смири. Но, пет дена подоцна, значително се искомплицира.
Започнаа да ми отекуваат зглобовите и вратот, а потоа по целото тело почнаа да ми се развиваат некои чудни пликови, како искасан од пчели.
Притоа чувствував студенило и вкочанетост, усните исто така ми отекое, а тресењето не престануваше.
И ужасно ме чешаше. Тогаш ми дијагностицираа уртикарија. Испробаваа на мене бројни терапии, но ниедна не делуваше. Во очите на присутните видов безнадежност. Нивниот поглед како да ми говореше: “Ова е крај!”
Бидејќи терапиите не делувале, неговите родители одлучиле да пробаат со чувар куќа.
“Родителите ми цедеа листови од чувар куќа. Тој сок го додававме во обична вода која ја пиев секојдневно.
Набрзо симптомите започнаа да се повлекуваат. Ги исфрлив таблетите од терапијата, останав само на чувар куќа. Најлесно е да се измие и да се измикса во блендер.
Исто така, може да се закисне во млака вода и после да се пие таа вода. Не знам на кој начин делуваше, важно ми го исчисти организмот. Официјално бев излекуван и чувствував неизмерна среќа што постои природата и што можам повторно нормално да живеам. Чувар куќата ми го врати детството, здравјето, животот…
Меѓутоа, болеста повторно се врати.
-Две години после овој настан, од “чиста мира” алергијата повторно пламна. Штом ги забележавме првите симптоми, вклучивме калциум и чувар куќа. Состојбата брзо се смири. Овојпат не ни отидов на лекар, вели младиот уметник, кој денес не користи никакви лекови.
Уртикарија е алергиска кожна болест која освен реакцијата на кожа, може да биде проследена и со висока температура и едем на меките ткива, односно отоци на уста, јазик, очни капаци, дланки или многу опасен оток со гушење кое може да заврши фатално.