За време на сезоната на вируси и грип, сите се плашиме од температурата. Доколку немате аптека во близина или лековите не делуваат доволно добро, ова се природни начини кои дефинитивно ќе ви помогнат.
Најдоброто нешто во врска со овие намирници и методи е тоа што не мора да го гледате часовникот. Можете да ги практикувате и да ги консумирате колку што сакате.
Ова се некои од нив:
1. Чили пиперче
Верувале или не, чилито е идеална храна за борба против високата температура. Причината е капсаицинот, состојка во чили пиперките која испраќа порака до мозокот дека телото е прегреано. Доволно е да изедете само мало парче пиперка и телото ќе почне да се поти, а потоа ќе има ефект на ладење.
2. Краставица и лубеница
Овие намирници се полни со вода и можете да ги јадете сирови. Голема е веројатноста дека и во овој период имате краставица во вашата куќа. Можете да додадете краставица во смути ако сакате да се чувствувате освежени и полесно да пиете течности. Експертите советуваат дека е добро да додадете малку мраз и јогурт, бидејќи тоа се намирници кои се добри за ладење.
3. Кокосова вода
Пред неколку години веројатно немаше да го ставиме на списокот. Меѓутоа, сега можете да најдете кокосова вода во сите подобро снабдени продавници, а има се повеќе луѓе кои ја сакаат. Пиењето кокосова вода е одличен начин да го ревитализирате и освежите вашето тело.
4. Нане/Пеперминт
Нането е познато по своите разладни својства поради високата содржина на ментол. Доброто е што овој чај можете да го консумирате и ладен и топол. Всушност, пиењето топли пијалаци може да ви помогне да се разладите и повеќе да се потите.