Црвениот крст на Град Скопје од денеска до 24 ноември организираат активности во рамки на одбележувањето на Неделата на стари лица, преку социјалниот сервис Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови.

Во рамки на неделата се плани посета на дневен центар за стари лица од страна на децата со церебрална парализа, информативни точки односно фестивал на пензионерските хорови, како и посета на старскиот дом Мајка Тереза и Вита Ве.

Сервисот Дневен центар за стари лица и центарот за давање на помош во домашни услови е поддржан од Град Скопје, Албиз Фондација и швајцарскиот Црвен крст. Целта на програмата е развој на вонинституционална форма на грижа за стари лица и промовирање на активното стареење.

Преку програмата активно се вклучени 195 стари лица во домашни услови и повеќе од 1000 лица на месечна основа во дневните центри за стари лица. Активностите се спроведуваат од страна на медицински персонал како и волонтер од Црвениот крст на Град Скопје.