Неколку лекари специјалисти од штипското кожно одделение се во домашна изолација, откако биле во контакт со директорката на Клиниката за кожни болести, за која тестовите покажаа дека е позитивна на корона вирус.
Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова за МИА вели дека лекарките од штипското кожно одделение се во домашна изолација.
Епидемиолозите во разговорите и анкетата утврдуваат со колку луѓе лекарките имале контакт.
Екипа од Центарот за јавно здравје –Штип на кожното одделение прават целосна дезинфекција.