Комарците се најдосадните инсекти во летниот период. иако често не можеме да ги видиме, тие се најупорните „крвопијци“ што постојат. Доколку обидите да ги избркате со разни апаратчиња и спрејови не ви успеат и сепак завршите со убоди од комарци по телото, овие неколку совети ќе ви ја олеснат маката.

Топла вода или топла лажица: Течноста која комарците ја вбризгуваат не може да делува при висока температура. Загрејте една лажичка (внимавајте да не се изгорите) или натопете мека крпа со топла вода и ставете ја како облога.

Студена вода или мраз: Студената вода и мразот може да ја намалат циркулацијата на крв на местото, па така да го спречат ширењето на течноста. Ова е добар лек доколку имате силна желба за чешање.

Лимон: Цитрусната киселина исто така може да ги ублажи симптомите, посебно чешањето.

Банана: Излупете една банана и ставете ја кората на кожата, допрена со внатрешната страна. Нека постои барем половина час, а ако може и подолго.

Сода бикарбона: Направете паста од малку сода бикарбона и вода. Премачкајте го местото и оставете да отстои 15 минути, па потоа исплакнете.

Паста за заби: Најдобро би било да нанесете паста за заби со ментол и да оставите да се исуши.