Група млади под хаштазите #НемаСапун / #SkaSapun започнаа онлајн кампања преку која ги обележуваат јавните училишта и факултети кои немаат сапун во тоалетите.
Веќе една недела на Твитер и Фејсбук граѓаните споделуваат фотографии и видеа во кои се посочени десетина училишта во Тетово, Скопје, Дебар, Куманово, Струга и Кичево кои немаат основни хигиенски средства.
-Можеме да се бориме против грипот и коронавирусот со сапун и вода, но #НемаСапун во Средното економско училиште „8-ми Септември“ во Тетово, напиша на Твитер, активистката Рита Бехадини, една од иницијаторките на онлајн кампањата.
превенција на инфективни заболувања ? промовираме вакцинација ?? #holdmybeer #немасапун !! @ фармацевтски факултет#skasapun #YJN #YJNTweets