Никој не е толку гладен за да се здебели 20 или 30 кг. Зголемувањето на килограмите ќе престане тогаш кога ќе се откријат и отстранат вистинските причини за неконтролирано внесување храна, вели Верица Ѓокиќ, нутриционист, која се занимава со исхраната на малку поинаков начин.

Луѓето можеме да ги поделиме во две групи: прва, оние кои „јадат“ сè, немаат апетит и се многу слаби; и втора, оние кои навидум не се нервираат, дури и изгледаат весело, но затоа храната станува нивна утеха затоа што секој ден премолчуваат работи кои треба да бидат кажани.

Зборот е моќно оружје

Нутриционистката Верица Ѓокиќ вели дека во нејзиното работење честопати се случува луѓето да не сакаат да прифатат дека нивните проблеми со прекумерната тежина се психолошки.

За нив не постои режим на исхрана што може да ги доведе до посакуваната тежина. Таа раскажува дека имала клиентка која дошла со 20 кг прекумерна тежина и ѝ кажала дека не се согласува со шефот и дека секогаш кога ќе се врати дома, размислувала за тоа што требало да каже и како да се обдрани. Секој ден, додека правела можни сценарија за тој разговор, ја јадела подготвената порција за ручек, но како да не ручала. Па, ќе го отворела фрижидерот и продолжувала да јаде – вели нутриционистот, истакнувајќи дека поминале неколку месеци во обид да се држи до препорачаниот начин на исхрана, пред жената да ѝ се довери.

По разговорот дошле до заклучок дека зборовите се начин преку кој го дефинираме нашиот однос со околината. Зборот е моќно оружје кое му е дадено само на човекот а, кога зборот отсуствува, лесно се заменува со храна.

Ова не е случајно. За џвакање, како и за говор, значајни се движењата на устата. Храната, исто како и информациите од околината, доаѓа однадвор и влегува во нас. Онака како што ги „вариме“ надворешните влијанија, така ја вариме и храната во нашиот организам.

Зголемете ја вашата самодоверба

Агресивните луѓе имаат вишок секрет во дигестивниот систем и страдаат од чир, ерозивен гастритис и бавен метаболизам, мрзливи црева, гасови и задржување на водата. Решението е да се отстранат причините кои го предизвикуваат тоа – вели нутриционистот, истакнувајќи дека понекогаш е потребно да се побара стручна помош од психолог или психотерапевт.

Психолозите велат дека во вакви ситуации треба да му објаснат на клиентот дека тој или таа нема да бидат помалку сакани или прифатени ако го кажат она што го мислат. Некому е потребно само да му се даде поддршка и да му се зголеми самодовербата, затоа што е свесен за тоа што е основната причина за проблемот.

Таквите луѓе отворено разговараат за проблемите. Секој човек е различен и секој проблем е различен. Затоа работата на намалувањето килограми започнува со отворен разговор. Во едно сме сигурни, никој не бил толку гладен за да јаде и изеде толку храна за да добие 30 кг повеќе – вели нутриционистот.

Според неа, сè додека не ги решиме причините, килограмите ќе продолжат да се зголемуваат, затоа што тие се порака од нашето тело дека не се чувствуваме доволно добро во сопствената кожа.