Секоја година сме сведоци на различни трендови за здраво живеење, чии приврзаници нè убедуваат дека откриле како да старееме побавно, како да избегнуваме настинки и други болести и, се разбира, како да изгубиме тежина.

Секоја година, исто така, сме разочарани кога откриваме дека повеќето од препорачаните методи воопшто не водат до рекламираните резултати.

Oвие 5 митови поврзани со здравото живеење беа оспорени во 2019 година:

Препорачливо е редовно да земате мултивитамини

Без оглед колку пати вашата мајка или сопруга ве потсетува редовно да земате витамини, се случува редовно да заборавите. Неодамнешните студии откриваат дека нема ништо подобро од земањето свеж овошје и зеленчук наместо мултивитамини.

Антиперспирантите предизвикуваат рак

Веб-страницата на водечките американски истражувачи за причините за појава на карцином јасно кажува: нема докази дека антиперспирантите предизвикуваат рак.

Многумина се загрижени за присуството на алуминиум меѓу состојките на овие производи и нивниот ефект врз хормоните на нашето тело, меѓутоа, разни истражувања не откриваат дека постои врска помеѓу карциномот и антиперспирантите кои моментално се продаваат.

Шеќерот ги прави децата хиперактивни

Практично сите родители се грижат дека нивните деца внесуваат премногу шеќер, а некои се многу порестриктивни за слатките, затоа што веруваат дека шеќерот има негативен ефект врз однесувањето на нивните деца, односно ги прави хиперактивни.

Ова е голема заблуда која нема основа во науката. Производите кои содржат шеќер не е точно дека ги прават децата хиперактивни.

5 zdravstveni mitovi osporeni vo 2019 godina 02

Пробиотиците влијаат подеднакво врз сите луѓе

Пробиотиците се предмет на многу дебати во последните години.

Истите би требало да помогнат во борбата против дијареја и другите проблеми со дигестивниот систем кај сите луѓе, меѓутоа, истражувачите од „Институтот Висман“ во Израел дошле до заклучок дека нема докази за ова тврдење и дека нивниот ефект варира од личност до личност.

Производи со активен јаглен се многу корисни

Според експертите, активниот јаглен е вашиот најголем сојузник во случај на труење или предозирање со лекови, но ова се единствените ситуации во кои е корисен.

Во јавноста може да се чуе дека активен јаглен е практично универзален лек кој, меѓу другото, може да ви помогне да имате поздрава кожа и поздрава флора на цревата.

Ништо од ова не е докажано, а како контра ефект активниот јаглен може да предизвика гадење, повраќање и запек.