Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, одржа прес конференција на која побара одговор на неколку прашања во врска со заминувањето на Ден Дончев од директорската позиција во Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија. Дали Зоран Заев со тоа што дозволи Ден Дончев нечепнато да си замине од позицијата директор, овозможи амнестија за него?, праша Николоски.
Во продолжение ви пренесуваме дел од интегралниот текст од одржаната прес-конференција на Александар Николоски:
– Денес видовме како изгледа исплашен човек, човек соочен со поразот, а после поразот следува и одговорност за него и неговиот тим за сите злодела и потенцијални кривични дела кои што се сторени. Една работа е сигурна, Зоран Заев паѓа како што паѓаат и неговите лаги.
– Денес Зоран Заев требаше да одговори каква релација има со неговиот директор Ден Дончев, во однос на очигледниот рекет кој што го виде целокупната македонска јавност?
-Каква е поврзаноста на Заев со првата снимка на македонски политичар кој што зема пари пред камера?
– Дали со тоа што дозволи Ден Дончев нечепнато да се повлече од директорската позиција, практично Зоран Заев овозможи амнестија за овој човек, знаејќи што правел? Затоа што најверојатно го правел во координација со Заев. Дали тоа беше причината поради која што Зоран Заев дозволи нечепнато да се повлече Ден Дончев од директорската позиција?
– Каква е улогата на адвокатот на Зоран Заев кој што го слушнавме денес во разговорите? За него многу се слушаше, денес еве добиваме и потврда. Зошто упорно молчи Заев за рекетот од над 6 милиони евра и видеата и снимките кои што беа објавени? Ова се баснословни суми за сите македонски граѓани, за сите они кои што ги слушаат. И зошто ги релативизира овие прашања и не бара одговорност од неговите луѓе? Одговорот е едноставен, затоа што одговорноста завршува со нив.
– На народот му треба подобар живот, повеќе пари за подобар живот, му треба правна држава, му треба функционален систем на владеење на правото, му треба подобро здравство, и пред се ред, посочи Николоски.