„Преку инвестиција во нова опрема нашата интенција е проширување на дијагностичките модалитети, искачување на повисока скала на нуклеарната медицина во нашата земја, на ниво како и во останатите европски и светски центри“ – рече доктор Николов
Доктор Игор Николов, со директорите на ФЗОМ, Клековски и Аџигогов одржа состанок во Универзитетскиот институт за позитроно-емисиона томографија, каде со директорката д-р Маневска разговарале за можноста за зголемување на капацитетите на овој центар.
-Целта е намалување на листата на чекање, особено на највулнерабилната група на пациенти – онколошките.
Како единствен ваков центар на регионот, УИ за ПЕТ се стреми кон имплементирање на нови радиофармацевтици, со што ќе се зголеми нивото на здравствена заштита и услугите до пациентите ќе бидат подостапни, истакна тој.
„Преку инвестиција во нова опрема нашата интенција е проширување на дијагностичките модалитети, искачување на повисока скала на нуклеарната медицина во нашата земја, на ниво како и во останатите европски и светски центри“ – рече доктор Николов.