Николов: Во моментов системот не е целосно подготвен да одговори на ситуацијата со коронавирусот

Доктор Игор Николов, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на емисијата Само вистина говореше за ситуацијата со корона вирусот во земјава и светот. -На почетокот мислевме дека не…

Доктор Игор Николов, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето на емисијата Само вистина говореше за ситуацијата со корона вирусот во земјава и светот.

-На почетокот мислевме дека не е толку страшен вирусот. Но, видовме како се прошири и во многу развиени држави, држави со силни здравствени системи. Многу е важно да се каже дека децата се најголеми преносители. А најголеми жртви излегоа возрасните над 65 години, кај нив најлесно се развива Ковид 19. И бидејќи децата се носители и го пренесуваат тоа му овозможува лесно да се шири. Токму затоа пораката на Светската здравствена организација е „Тестирај, тестирај, тестирај“, рече Николов.

Доктор Николов укажа дека има паника бидејќи многу брзо се шири вирусот.

-Видовме дека многумина носители имаа потреба од респираторна машина, а тоа повлекува цел тим кој ќе се вклучи во лекувањето. И тука системот не може да одговори ниту кадровски, ниту институционално. Затоа се појави прашањето колку респиратори имаме, колку знаат да работат со тоа. Треба да поченеме со обука на кадар. Ние требаше со време да обезбедиме повеќе заштитна опрема, респиратори, да почнеме да ги обучуваме луѓето. Ова не е случај кај нас, доцниме, рече Николов.

Тој посочи дека во меѓувреме само слушаме дека сме подготвени, а со некои работи не сме ни започнале.

-Мора да има побрза реакција на системот во државава. Многу побрзо, а ние доцниме. Важно е да се направи и планот, и тој да биде прецизен, посочи Николов.


Related Articles