Индијско момче (12) почина од нипах, редок вирус што е посмртоносен од ковид-19, а здравствените власти долго време се плашеа дека може да предизвика глобална пандемија, слична на сегашната со коронавирусот. Неименуваното момче почина во саботата во болница во градот Керала, на југоисток од Индија, објави Њујорк пост, пренесува Танјуг. Тој бил во две болници пред неговата смрт и дошол во контакт со неколку стотици луѓе, а 11 од нив покажуваат потенцијални симптоми на нипах, објави НДТВ од Њу Делхи.
Претходните епидемии на Нипах, или скратено NiV, покажаа дека стапката на смртност од овој вирус е помеѓу 40 и 75 проценти, според Светската здравствена организација, која е неспоредливо посмртоносна од онаа предизвикана од коронавирусот.
– Вирусот почна да се шири од човек на човек за време на претходните епидемии, предизвикувајќи загриженост дека NiV може да предизвика глобална пандемија, велат американските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).
Мораа да бидат изолирани повеќе од 100 можни контакти со момчето, а 48 лица се во болница и нивната состојба се следи. Нипах бил откриен во Малезија и Сингапур во 1999 година, кога околу 300 луѓе биле заразени, а повеќе од 100 починале за време на појавата, објави ЦДЦ.