Нов Зеланд планира да убие 150.000 крави во обид да ја искорени бактеријата што предизвикува болести кај домашните животни во земјата.

Политичарите и лидерите на индустријата објавија амбициозен план. Уништувањето на стоката ќе чини стотици милиони долари и ако е успешно, тоа ќе биде првпат во некоја земја да се елиминира Mycoplasma bovis.

Сточарството е клучно за економијата на Нов Зеланд, а изолираноста на земјата спречила понатамошно ширење на бактеријата.

Mycoplasma bovis беше најдена во Нов Зеланд во јуни минатата година. Бактеријата е присутна во Европа и во САД, а кај кравите може да предизвика маститис, воспаление на белите дробови, артритис и други болести.

Болеста не се смета за закана за безбедноста на храната, но предизвикува голема штета на фармите.