Скопската Клиника за детски болести доби нов директор. Наташа Алуловска која работи на одделот за неонатологија доаѓа на местото на Катерина Ставриќ, која поднесе оставка уште од пред 7 месеци.
Алуловска на оваа позиција била назначена од страна на министерот Филипче. Како економски директор на Детска и понатаму останува Ридван Ибраими кој во директорската фотелја е со години.